Служба на Светите и Спасителни Христови Страдања во манастирот Донибрук

1479

Си нѐ искупил од клетвата законска со твојата чесна крв. На крстот прикован со копје прободен, извор на бесмртност си им станал на луѓето, Спасителу наш слава Ти. (Тропар од Службата, глас 4.)


На 13 Април, во Светиот и Велик Четврток, во манастирот Свети Прохор Пчински се отслужи Утрена Богослужба и Службата на Светите и Спасителни Страдања на нашиот Господ Исус Христос. На службата се прочитаа 12 – те страдални Христови Евангелија, беше изнесено Распетието Христово, а присутните верници се поклонија на Христовите страдања и му вознесоа слава на долготрпеливиот Христос кој доброволно пострада заради луѓето.

Слава на Твоето Долготрпение Господи, слава Ти!

IMG_7228_2 IMG_7233_1 IMG_7265_1 IMG_7270_1 IMG_7294_1 IMG_7297_1 IMG_7299_1 IMG_7301_1 IMG_7303_1 IMG_7308_1 IMG_7317_1 IMG_7327_1 IMG_7336_1 IMG_7347_1

Previous articleСинаксар на Светиот и Велик Четврток
Next articleСинаксар на Светиот и Велик Петок