Сабота од Сирната седмица

1451

Синаксар

На душите на праведните, чиј спомен е секогаш присутен, како жртва им ги принесувам моите зборови на покајание.

Во претходните празници, богоносните отци постапно нѐпоучија и нѐ подготвија за подвиг, нѐ оддалечија од уживањето во храната и од прејадувањето, и нѐ упатија на стравот од идниот суд. И сега, откако нѐ очистија од месото преку оваа сирна седмица. Ете, тие ги вклучија и сите оние што минаа свет живот, мажи и жени, преку бројни подвизи, маки и напори, за да нѐ направат уште посилни за подвигот, сеќавајќи се на нивниот живот и пат, со нивна поткрепа и помош, да бидеме подготвени за духовната борба, имајќи на ум дека и тие ја имаа нашата природа. Како што војводите, пред војниците построени за бој, ги потсетуваат на некогашните славни борци и за нивната храброст, така што војниците, охрабрени со надежта во победа, со душа и тело влегуваат во борбата, така и сега, богоносните отци постапуваат мудро: пред почетокот на духовниот подвиг, тие ги охрабруваат мажите и жените, земајќи ги за пример оние што воделе аскетски живот, нѐ водат и нас кон посното борилиште, та и ние да практикуваме многубројни и разновидни добродетели, секој според своите сили. На прво место љубовта, потоа доброволното одрекување од лошите дела и постапки, и најпосле самиот пост, кој не е само воздржување од храна, туку и од лоши зборови, од очите, од гневот и, просто речено, бегање од секое зло. Тоа е причината поради која светите отци го поместиле овде сеќавањето на сите светии, кои со пост и со други добри дела му угодија на Бога, поучувајќи не и нас, по нивниот пример, и ние да се вооружиме со добродетелите против страстите и демоните и, на некој начин, претставувајќи си дека, ако и ние покажеме ревност како нивната, ништо нема да нѐспречи да го направиме она што го правеле и тие, и да се удостоиме и со нивните почести, бидејќи и тие ја имаа истата природа како нашата.

IIIто се однесува до Сиропусната недела, некои велат дека неа ја востановил царот Ираклиј, и дека нејзе и претходела седмица кога се јадело месо (месопусна); бидејќи веќе шест години тој бил во воен поход против Хозрое и Персијанците, тој Му ветил на Бога дека, ако му даде да ги победи, тој ќе го смени тоа и дека ќе востанови една седмица меѓу постот и неделата кога било дозволено јадењето месо. Така и направи. А јас мислам дека, дури и да било така, оваа седмица била обмислена од светите отци како еден вид претходно очистување, за да можеме полесно да го поднесеме преминот од употребата на месо кон строго придржување кон постот, во спротивно би нанеле штета на своето тело. Додека, одрекувајќи се постапно од масните и вкусни јадења, како што на тркачките коњи постапно им се намалува храната, полесно да ја примиме уздата на постот. И како што тие го правеа тоа за душата, служејќи се со параболи, така правеа и за телото, отстранувајќи ги малку по малку (постапно) пречките кон постот.

По молитвите на сите Твои свети, Христе Боже наш, помилуј не! Амин.

Од Посниот Триод

Previous articleLay Monasticism - Hegumen Tryphon
Next articleСинаксар во Неделата Сиропусна