Раѓање Христово – Божик во црквата Свети Илија во Футскрај, Мелбурн

1089

Заради нас доброволно се положи во јасли бесловесни, како дете, долготрпелив Спасителе, пастирите со ангелите Те воспеаја, викајќи: Слава и похвала на Христа нашиот Бог, Кој се роди на земјата и ја обожи природата на земнородните (Седален, глас 1)

Во Црквата Свети Илија во Футскреј, Мелбурн достојно беше прославен Родениот од Дева – Христос.

На 6 Јануари молитвено беше одбележан Бадник и Претпразненството на Рождеството Христово.

На 7 Јануари верниот народ со радост учествуваше на Божикната Литургија и се причести со Христовите Тајни. Присутните празникољупци му се заблагодарија на Бога за милоста излеана врз човечкиот род.

На втор ден Божик и Собор на Пресвета Богородица верниците со рождественски песни го воспеваа Рождеството Христово и ја величаа Чистата Дева и единствената Богородица која го роди Царот Христос.

Христос се роди! Вистина се роди!

01 02 03 04 05 06 07 08 09 10 11 12 02 03 04 05 06 07 08 09 (2) 10 11 12 13 00 01 02 03 04 05 06 07 08 09 10 11

Previous articleБожик е – Со нас е Бог
Next articleЗа нас се роди Христос! Божик во манастирот Донибрук