На 05.01.2017 г., во манастирот на Преподобниот Наум Охридски во Роклин, Викторија беше прославен патрониот празник.
Верниот народ од Мелбурн и околината, традиционално го посети Светинаумовиот манастир во Австралија и го прослави Охридскиот чудотворец.
На Празничната богослужба и Божествената литургија, присутните му заблагодарија на Бога за големата милост, и преку Преподобниот Наум просеа исцеленија за душите и телата. Верниот народ по причестувањето со Христовите Тајни се послужи со празничната трпеза подготвена од овогодинешните домаќини.





















