Архиерејска Литургија во Црквата „Свети Илија“ во Футскрај, Мелбурн

1564

На 31 Јануари, 2017 година, кога го славиме споменот на Свети Атанасиј Велики и Свети Кирил Александриски, во црквата „Свети Илија“ – Фуцкреј, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски одслужи Архиерејска Света Литургија.

На Литургијата, Неговото Високопреосвештенство г. Петар благоволи, со граден крст да го одликува парохискиот свештеник протоерејот Љупчо Каревски.

Верниците му се заблагодарија на Бога и се причестија со Христовите Тајни.

Во црковната слава беше послужена Трпеза на љубовта.

На многу години!

Откако ги насади учењата на Православието, го исече трњето на погрешните учења, и го умножи семето на верата со росата на Светиот Дух, преподобни. Затоа те воспеваме Атанасие. (Кондак на Свети Атанасиј Велики, глас 2.)

01 02 03 04 05 06 07 08 09 10 11 (2) 12 13 14 15 (2) 16 (2) 17 (2) 18 19 20 (2) 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32

Previous articleВечерна богослужба во црквата Света Злата Мегленска во Вереби, Мелбурн
Next articleВо слава на Бога – Богослужбени книги на македонски јазик. Промоција на книги и изданија во црквата „Света Петка“ во Мил Парк