Вечерна богослужба во храмот „Свети Никола“ – Бенгстаун во Сиднеј – Антиохиска Патријаршија

563

На 05.12.2023 на празникот на Светите Амфилохиј Икониски и Александар Невски, а на покана од црковната општина „Свети Никола“ во Бенгстаун, Сиднеј и парохискиот свештеник прота Митко Мачевски (Македонец од с. Ратево – Берово), која е под духовна јуриздикција на Антиохиската Патријаршија во Дамаск – Сирија, но се раководи по нашиот стар јулијански календар и се богослужи на Црковнословенски јазик – Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и Администратор Австралиско – Новозеландски г.Петар богослужеше Вечерна богослужба.

Парохот и парохјаните со радост му посакаа „Добредојде“ на нашиот Македонски Митрополит и благочестиво сите се помолија на Господа Спасителот наш Исус Христос.

Previous articleПразникот на Св. мч-ци Екатерина и Меркуриј прославен во Сиднеј
Next articleСвети Климент Охридски прославен во Порт Кембла – Нов Јужен Велс