Прославен споменот на Свети Спиридон во манастирот во Донибрук

1095

На 25 Декември, 2022 година, кога се празнува споменот на светиот Спиридон Чудотворец епископ Тримитунски, во манастирот на Свети Прохор Пчински, Донибрук, во сослужение на свештенството на Австралиско-новозеландската епархија се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија. На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По богослужбата се послужи и благослови традиционалното манастирско гравче.

Манастирот на денот на Светиот Спиридон го посетија стотици возила, повеќето фамилии на млади со деца, кои го искористија слободниот ден и убавото време во манастирскиот двор да си направат излет (пикник).

Previous articleОдбележан крајот на учебната 2022 за учениците од наставата по веронаука во училиштето Карлтон, Сиднеј
Next articleМолитвено одбележан споменот на Преподобен Наум Охридски во неговиот манастир во Роклин