Прославен празникот на преподобен Наум Охридски во неговиот манастир во Роклин

403

Во манастирот Свети Наум Охридски во Роклин, Викторија, и оваа година молитвено се прослави патрониот празник.

Вечерта спроти празникот се отслужи празнична вечерна богослужба, а утредента на 3 јули, во сослужение на свештеници од Мелбурн, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата, посетителите од Мелбурн и околината се послужија со празничната трпеза подготвена од овогодинешните домаќини.

Преподобен оче Науме моли го Бога за нас!

 

Previous articleВселенскиот патријарх Вартоломеј на Архиепископот Стефан му го предаде Актoт за востановување на црковното општење на Цариградската Патријаршија со МПЦ-ОА
Next articleРуската Православна Црква ја призна Македонската Православна Црква — Охридска Архиепископија за автокефална Сестринска црква