Добротворна донаторска вечер за доизградба на Православниот културниот центар во Сиденхам

1431

На 10 ноември, 2018 година, во културниот центар во Саншајн, Мелбурн, МПЦО Свети Илија – Футскрај, организира Донаторска вечер за доизградба на Православниот културен центар и митрополијата при Соборната црква во Сиденхам.

На свеченоста поздравно слово во име на Надлежниот Архиереј, Митрополитот г. Петар, изрече архиерејскиот заменик игуменот Никодим Солунчев.  На донаторската вечер, пред присутните се обрати и Министерот за потрошувачки работи, регулирање на игри и ликвидација и локална власт, Хон Марлен Каироуз, која даде подршка на Донаторската акција и Проектот – Православен Културен центар во Сиденхам.

Старешината на црквата Свети Илија – Футскрај, протоереј-страврофор Љупчо Каревски, ги запозна присутните со текот на изградбата на Православниот културен центар и им се заблагодари на сите оние кои со донации и работна помош го подржуваат Проектот.

На донаторската вечер беа донирани 29.000 австралиски долари.

 

 

Previous articleThe shining of the Holy Spirit
Next articleСвета Литургија во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук