Божествена Литургија – Успешно завршување на летниот камп по веронаука

1137

На 18 февруари, 2024 година, Недела на Закхеј, кога се празнува споменот на светата Агатија и Теодула во соборниот храм „ Раѓање на Пресвета Богородица“ во Мелбурн се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија. Богослужеше ереј Александар Николовски. Исто така, успешно беше завршен летниот камп по веронаука, којшто секоја година редовно се одржува во Мелбурн. Од името на Епархијата за Австралија и Нов Зеланд на сите деца кои го посетуваа овој камп, им беа поделени пригодни подароци – крвче и молитвеник.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.

Previous articleСвета Литургија во храмот „Свети пророк Илија“ – Футскрај
Next article36та Недела по Педесетница во Футскрај – Мелбурн