Богојавление – Водици во Футскрај, Мелбурн

619

На 19 јануари, 2024 година, на празникот Богојавление – Водици – Крштавање Господово, во црквата Свети Пророк Илија во Футскрај, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија. Богослужеше: протоереј – ставрофор Љупчо Каревски

Верниот народ ги воспеа големите добрини направени за луѓето. Бог се јави и Христос – единствениот чист во Јордан се крсти за да ги освети водите и сета твар.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.

По Литургијата, беа дарувани црковните икони и се изврши Големиот Богојавленски водосвет.

Бог се јави – Навистина се јави.

Previous articleОсми Ден број 91 – Епархиски весник на МПЦЕАНЗ
Next articleСвета Божествена Литургија во Футскрај, Мелбурн