Архиерејски богослужби во Спрингвеал – Мелбурн

633

На 17 и 18 ноември, 2023 година – Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и Администратор Австралиско – Новозеландски г. Петар ја посети МПЦО „Свети Димитриј Солунски“ во Спрингвеал – Мелбурн. Митрополитот на 17ти вечерта богослужеше вечерна богослужба, а наредниот ден и Света Божествена Литургија на празникот на Светите маченици Галактион и Епистима, во сослужение со парохискиот свештеник: протоереј Миле Талески и протоереј Мирко Пешовски.

На литургијата верниот народ се причести со Телото и Крвта Христови, а Митрополитот беседеше со пригодна и вдахновена реч, исто така и на трпезата на љубовта приготвена од парохјаните и црковната општина, Митрополитот одговараше на прашањата поставени од верниот Македонски народ, со љубов кон татковината Македонија и Македонската Православна Црква.

Previous articleПрославен празникот на Светите бесребреници Козма и Дамјан во Мил Парк – Мелбурн
Next articleСоборот на Свети Архангел Михаил прославен во Соборниот храм во Сиденхам