Фреско-живопис во црквата на Светиот Пророк Илија во Футскрај

3448

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, започна фреско-живописувањето на јужниот и западниот ѕид од црквата на Светиот Пророк Илија во Футскрај, Мелбурн. Со оваа фаза од сликањето, која според планираното треба да заврши за неколку месеци, ќе се комплетира целиот фрескоживопис на црквата. Фрескоживописот е дело на тајфата на познатиот сликар Стефан Адамаче, а како дарители на фреските се јавуваат повеќе верници при МПЦО Свети Пророк Илија од Футскрај.

Нека е сè во слава на Бога!

 

 

Previous articleСвета Литургија во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Престон (Трета Недела по Педесетница)