Свети Пантелејмон направи чудо – ја исцели мојата болна жена

2662

Раскажува отец Спиридон:

„Во 1997 година мојата жена Марија беше бремена. При тоа имаше многу болки. Првите три месеци беше постојано во постела, без да може да прави било што друго. Трудот на лекарот се покажа напразен. Гледајќи дека нејзината состојба се влошува и дека може да умре, јас го зедов молебниот канон на Пресвета Богородица.

Го прочитав. Потоа ја зедов бројаницата и се помолив: 100 топчиња кон нашиот Христос, 100 кон Богородица и 100 кон лекарот Пантелејмон. Се помолив со голема болка и вера на свети Пантелејмон да ја исцели жена ми, затоа што знаев, дека тој е голем чудотворец.

Потоа легнав и заспав на подот во домот. Додека заспивав почувствував голема радост во срцето. Истовремено слушнав стапки пред вратата. Станав. Видов дека жена ми е во постелата. Излегов надвор. Тамо видов еден блескав младич.

Се изненадив. Се потресив. Разбрав дека тоа е светиот Пантелејмон. Остана неколку секунди и веднаш исчезна пред мене без да ми одговори.

Го прославив Бога и светителот. Влегов во мојата куќа. Од тој ден Марија одеше кон подобро. Дојде време да раѓа. Роди без болка и агонија. Свети Пантелејмон направи чудо. Детето кое ни се роди беше момче и му го дадов името на светителот.

Му благодарам и го славам нашиот преблаг Бог.“

Ѓакон Спиридон е учител по вероучение во парохијата ”Света Софија и нејзините три ќерки” во градот Кипуси во областа Лумумбаси во Конго, Африка.

Previous articleWhere there is no God there is no man
Next articleИако сум паднат, јас ќе станам!