Прославен Храмовиот празник во црквата Свети Никола во Престон

1667

Правило на верата, и пример на кроткоста, и учител на воздржанието, те покажа пред твоето стадо вистината на твоите дела. Поради тоа, со смирение си ја придобил возвишеноста, со сиромаштвото – богатството, отче, свештеноначалниче Николае. Моли го Христа Бога, да ги спаси нашите души. (тропар на Светителот, глас 4)


Во црквата Свети Никола во Престон беше прославен храмовиот празник – споменот на Светиот Николај Чудотворец, Архиепископ Мирликијски.

На 18 декември, 2017 година, вечерта беше одслужена празнична вечерна богослужба, а утредента, на 19 декември, празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беше извршен Мал Водосвет и беа благословени празничните славски лебови.

На многу години!

Previous articleСвета Литургија во црквата Свети Илија во Футскрај
Next articleПрославен Храмовиот празник во црквата Свети Никола во Перт