Празнична вечерна богослужба и Света Божествена Литургија во манастирот Донибрук

1818

На 27 јануари 2018 година, кога се празнува споменот на преподобниоте отци Павле Тивејски, Јован Колибар, Гаврил Лесновски и Прохор Пчински, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, во сослужение на свештенството од Мелбурн се отслужи празнична вечерна богослужба и молитвено се одбележа и овој патрон празник. По богослужбата беше послужена празнична трпеза.

Утредента, на 28 јануари, во Неделата на Митарот и Фарисејот, се богослужеше неделна утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беа благословени празничните леб и коливо и се послужи празничната трпеза.

Previous articleWhy do we make the sigh of the cross?
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Илија во Футскрај (Недела на митарот и фарисејот)