Молитвено прославен храмовиот празник во црквата Свети Илија во Футскрај

936

Во црквата на светиот славен пророк Илија во Футскрај, Mелбурн, молитвено беше прославен храмовиот празник. На 01 август, 2018 година, вечерата, во сослужение на свештенството од Мелбурн се отслужи празнична вечерна богослужба, а утредента, на 2 август, се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По богослужбата беше послужена празнична трпеза на љубовта.

Previous articleСвета Литургија во црквата Света Богородица – Пречиста во Ливерпул (Деветта Недела по Педесетница)
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Престон (Илинден)