Молитвено прославен преподобниот Прохор Пчински во неговиот манастир во Донибрук

1675

Твојата божествена црква, како извор на чуда Бог ја покажа, не како некогаш Израилците во Овчјата бања, не едно туку безбројно мноштво добиваа исцеление блажен Прохоре. 

Преподобен оче Прохоре, моли го Бога за нас! 

(Од молебниот канон кон Светителот)


На 31 октомври, 2017 година, во навечерието на патрониот празник – споменот на преподобниот Прохор Пчински, во неговиот манастир во Донибрук, во сослужение на свештениците на Македонската Православна Црква, Епархија за Австралија и Нов Зеланд, беше одслужена празнична вечерна.

Утредента, на 1 Ноември се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На богослужбите, верниот народ со песни го воспеа пустиножителното житие и чудотворствата на светителот и го прослави Бога кој е чудесен во своите светии, и на Литургијата, се причести со Светите Христови Тајни.

   

Previous articlePrayer to the venerable father Prohor Pchinski
Next article„Ќе те чекам во Самтавро“ – чудо на старец Гаврил Ургебадзе