На 28 септември 2025 година, во Шестнаесеттата недела по Педесетница, кога се празнува споменот на свети великомаченик Никита, свети маченик Порфириј и на Преподобен Филотеј, во црквата Свети Пророк Илија во Футскрај, се богослужеше Утрена Богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
По Светата Божествена Литургија, се одржа Неделното училиште за децата.









