Храмовата слава на манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук

87

На 31 октомври, 2025 година, вечерта, по повод храмовата слава, во Манастирот “Св. Прохор Пчински” во Донибрук, се отслужи празнична вечерна богослужба – едноцрквие.

Утредента, на 01 ноември, 2025 година, се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
     По Литургијата се изврши благословување на празничниот леб и коливо, и се отслужи Парастос во спомен  на починатите.
     По богослужбите, во Манастирската сала, беше послужена празнична трпеза за верниците и свештенослужителите.
Previous articleМладинска група од Перт
Next articleМитровден во Сиденхам