Administración de lotería más cercana.

  1. Best Online Casinos Au: Otro casino superior se ha unido al club sin apuestas.
  2. Nz Online Real Money Casino - Hay un montón de juegos de blackjack de varios desarrolladores de software, lo que garantiza que tenga muchas opciones cuando se trata del clásico juego de 21.
  3. Grand Pokies Deposit Casino: Debido a que normalmente lo juega un pequeño grupo de amigos que apuestan su dinero juntos, los dados desarrollan un sentido de unión.

Cuántas series tiene un número de lotería.

All Deposit Casino Pokies
Mr Q Casino es un casino único, con algunas características interesantes que seguramente atraerán a muchos jugadores nuevos.
How To Play Roulette In New Zealand
En este artículo, nuestros mejores expertos en sitios de juegos de azar que no pertenecen al Reino Unido notarán algunos de los detalles de Fortune Clock.
El mundo entero se ha vuelto móvil en la última década más o menos y eso también incluye los juegos de Aristocrat.

Probabilidad de ganar al bingo.

Pokies For Real Money No Download
Los gráficos deficientes o los juegos de casino que no están optimizados para uso móvil significan que tendrá una experiencia negativa.
Buy Slot Machines Au
Usa un dispositivo Android o iOS para llevar el juego contigo.
Best Deals On No Registration Pokies

СПЦ и официјално со Томос ја призна полната автокефалност на МПЦ – ОА и со никакви условувачки одредби не ја ограничи нејзината автокефалност и устројство во поглед на нејзиното име, опсегот на нејзината јурисдикција и пастирската грижа за нејзиниот верен Македонски народ во татковината и дијаспората

3279

Вчера, на 5 јуни 2022 година, во Неделата на Светите отци од Првиот Вселенски собор, Неговата Светост Патријархoт Српски г.г. Порфириј чиноначалствуваше со Светата Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Архангел Михаил“, во Белград, во сослужение на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во сослужение на Високопреосветените Митрополити Преспанско-пелагониски г. Петар, Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Повардарски г. Агатангел, Европски г. Пимен, Кумановско-осоговски г. Григориј и Нивните Преосвештенства Епископите Зворничко-Тузлански г. Фотиј, Крушевачки г. Давид, Ремезијански г. Стефан, Топлички и избраниот шабачки г. Јеротеј, Хвостански и избраниот западноевропски г. Јустин, избраниот епископ Јегарски арх. Нектариј, во молитвено присуство на Високопреосветениот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Преосветените епископи Бачки г. Иринеј, Хераклејски г. Климент, Маркански г. Сава и пензионираниот канадски г. Георгиј.

На крајот од Светата Литургија, Неговата Светост Патријарх Српски г.г. Порфириј на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан му врачи Томос, со кој се потврдува автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Во „Томосот за Автокефалија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија“ –  стои:

„Порфириј, по милоста Божја, Архиепископ Пеќски, Митрополит Белградско-карловачки и Патријарх Српски, со свештените архиереи од Свештениот собор на Српската Православна Црква, на Блаженејшиот Архиепископ Стефан, Архиепископот Охридски и Македонски, согласно осветениот и најсветиот и востановен канонски поредок на најсветата Православна Црква Христова, и посебно во согласност со 34-то правило од каноните на Светите Апостоли, …врз основа на Одлуката на Светиот Архиерејски Собор на СПЦ, под бр. АС 55, Зап. бр. 65, од 20 мај од тековната година, со која се излегува во пресрет на Молбата на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (САС, бр. 65, од 18 мај од тековната година), та на Црквата на која се однесува, на автономната и во составот на Српската Патријаршија, ѝ додели канонски статус на АВТОКЕФАЛНА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, та на истата ѝ се благословува, доделува и признава бараниот канонски статус на автокефална православна Црква, со тоа што Соборот во должност на САС на СПЦ ги става разрешувањето на неопходните техничко-организациски прашања, по што Српскиот Патријарх официјално и јавно ќе ја соопшти погорната соборска Одлука, ќе го потпише соодветниот Томос и ќе го достави до сите сестрински автокефални Цркви на усвојување, бидејќи СПЦ не е единствениот фактор за автокефалноста, туку тоа е полнотата на Православната Црква, заради што е потребна и рецепција од другите православни Цркви.

И, имајќи ги предвид новонастанатите црковно-историски и други околности, а со првенствена цел, Христоимениот народ Божји да има што поголема духовна корист и да напредува по патот на спасението, како и управувањето со црковните работи да се одвива без тешкотии, целисходно, и по канонски исправен и благообразен чин, нашата Света СПЦ, како наследничка на древната и славна Пеќска Патријаршија, соборски го благословува, го одобрува, го доделува и го признава автокефалниот статус на црквата Божја во С.Македонија, која денес се нарекува МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, која е наследничка на древната и славна Охридска Архиепископија, поради што во нејзиниот назив го вклучува и нејзиното чесно име, и која го опфаќа канонскиот простор на претходната и истоимената автономна црква од 1959 година во составот на нашата Српска Патријаршија.

Автокефалноста на новата сестринска Црква е полна автокефалија, тоа значи дека СПЦ не ја условува со одредби кои ја ограничуваат нејзината канонска јурисдикција и пастирската грижа за нејзиниот верен православен народ во матичната земја и во дијаспората.

Истовремено, СПЦ топло препорачува на Блаженејшиот претстојател и Светиот Синод на новата сестринска автокефална Црква, прашањето на своето официјално име да го решава и реши по пат на братски дијалог со елинофонските и останатите помесни православни Цркви.

Светите храмови и манастири, особено великите светињи од Немањиќкиот период и поновиот период на српското присуство, црковното градителство и културното творештво, на тлото на денешната С.Македонија, како и севкупниот движен и недвижен имот на СПЦ во нејзините граници се отстапуваат на користење на новата сестринска автокефална Црква.

За доказ, потврда и трајно сведоштво на сѐ она што на овој начин канонски е устроено и утврдено, Ние, на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан, возљубениот во Господа Исуса Христа наш брат и сослужител на нашата смиреност, со сите високопреосветени, преосветени и богољубиви архиереји, собрани околу него, нашите возљубени браќа и сослужители во Духот Свет, го издаваме овој Наш Патријаршиски и Соборски ТОМОС, чиј изворник, точен и неповреден, се чува во нашата свештена Патријаршија.

Се молиме на Бог – на секоја благодат, Кој нѐ повика во Неговата вечна слава, преку Христа Исуса нашиот Господ, со благодатта на Светиот Дух и молитвеното застапништво на Светата Своја Црква, на нашата најмлада сестринска и автокефална Црква да ѝ го дарува секој благослов и секој добар духовен плод во нераскинлива врска на љубовта и единство со СПЦ и со сите Свети помесни православни Цркви ширум вселената. Нему, секогаш во Троица прославуваниот, нека е слава, чест, сила и поклонение во веки веков. Амин.

Во Денот, во Патријаршијата Српска во Белград, во Неделата на Светите отци на Првиот Вселенски собор, 23 Мај/5 Јуни 2022 лето Господово,

Архиепископ Пеќски,
Митрополит Белградско-карловачки и Патријарх Српски
Порфириј
претседател на САС на СПЦ”

Томосот на СПЦ, т.е Официјалниот црковен документ со кој се потвруваат одлуките но и се потврдуваат устројството и границите на административното дејствување на МПЦ-ОА, согласно канонскиот поредок, понатаму, според редоследот, ќе треба да го усвојат и прифатат сите православни автокефални помесни цркви.

Содржината на Томосот што е поместена погоре е речиси интегрална, и е транскрипција од оригиналниот и автентичен текст прочитан на заедничката литургија во Белград кога беше официјално врачен.

На многаја и благаја лета!

Интегрално видео од читањето на Томосот, на српски јазик
извор: Тањуг Рс, пост Јутјуб канал на Религија Мк

Previous articleПатријархот српски Порфириј му врачи на архиепископот Стефан Томос со кој се потврдува автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија
Next articleВселенскиот патријарх Вартоломеј на Архиепископот Стефан му го предаде Актoт за востановување на црковното општење на Цариградската Патријаршија со МПЦ-ОА