На 8 август 2025 година, по повод храмовата слава – Свети Климент Охридски, Свети Седмочисленици и Свети Великомаченик Пантелејмон, во црквата посветена на Светиот Великомаченик Пантелејмон и Светите Седмочисленици: Кирил, Методиј, Климент и Наум Охридски, Сава, Горазд и Ангелариј во Футскрај, во сослужение на неколку свештеници се богослужеше празнична вечерна богослужба.
На 9 август 2025 година, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
По благословувањето на празничниот леб и коливо, во црковната трпезарија беше послужена трпеза на љубовта.











