На 08.06.2025 на празникот Педестница – Слегување на Светиот Дух врз апостолите, Духовден, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, се богослужеше Утрена, Света Божествена литургија и Вечерна богослужба со благодарствените коленопреклони молитви.
Вечерта на истиот ден, се богослужеше Повечерие на Англиски јазик со младината од храмот Света Петка од Мил Парк и нивниот свештеник протоереј ставрофор Тоне Гулев, кој после завршувањето на богослужбата со благослов на надлежниот архиереј Митрополитот г. Петар, одржа предавање покрај манастирското огниште, на тема: „Слегувањето на Светиот Дух“ и сите деца зедоа учество во тоа со поставување на прашања.









