На 14.01.2025 г., кога го празнувавме Обрезанието по тело на Спасителот наш Господ Исус Христос и споменот на Светиот Василиј Велики исто така и Новата Година, Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар срдечно одговори на поканата на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Австралиски и Новозеландски од Српската Православна Црква г. Силуан и богослужеше Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Вмч. Георгиј Победоносец“ во Кабрамата.
На литургијата присуствуваа верници од двете сестрински цркви и се Причестија со Светите Христови Тајни.















