На 25 декември 2025 година, кога Светата Црква го прославува споменот на Св. Спиридон Чудотворец епископ Тримитунски, во Манастирот “Свети Прохор Пчински” во Донибрук, во сослужение – едноцрквие на свештенослужителите на МПЦЕАНЗ од Мелбурн, се отслужи Утрена Богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, многубројниот верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
Истиот ден, на Манастирското место во Донибрук, се одржа и традиционалниот Пикник, а посетителите кои се собраа од Мелбурн и околината, беа послужени со благословеното манастирско гравче.












