Вечерта на 14.01.2026 Предпразненство на Богојавление; Свети Силвестер и Свети Серафим Саровски, на покана на Архиепископот г. Василиј, надлежен архиереј на Антиохиската архиепископија за Австралија, Нов Зеланд и Филипините од црковната општина „Свети Никола“ во Бенгстаун, Сиднеј како и поканата од парохискиот свештеник прота Митко Мачевски (Македонец од с. Ратево – Берово),Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и Администратор Австралиско – Новозеландски г.Петар богослужеше Вечерна богослужба.
Оваа црковна општина е под духовна јуриздикција на Антиохиската Патријаршија во Дамаск – Сирија, но се раководи по нашиот стар јулијански календар и се богослужи на Црковнословенски и Македонски јазик со благослов на Архиепископот г. Василиј.
Архиепископот г. Василиј, протоереј Митко Мачевски и останатите свештенослужители од Антиохиската Црква како и верниците со радост му посакаа топло „Добредојде“ на нашиот Митрополит г. Петар му го честитаа јубилејот 30 години архиереј во Австралија и Нов Зеланд и благочестиво сите се помолија на Господа Спасителот наш Исуса Христа.















