На 13 јануари во навечерието на празникот: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Нова Година, се богослужеше празнична Вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско – пелагониски и Администратор Австралиско – Новозеландски г. Петар во храмот „Пресвета Борогодица – Пречиста“ Ливерпул, Сиднеј – Нов Јужен Велс.
По завршувањето на Вечерната – беше послужена трпеза на љубовта.
Верниците со радост го пречекаа својот архиереј и му го честитаа 30 годишниот јубилеј.












