Juego de presentacion bingo.

  1. Win Real Money On Pokies: Sus bonos son relativamente estándar, pero vienen con beneficios VIP exclusivos y promociones para clientes leales.
  2. Caears Online Casino Au - El juego también acepta apuestas de bonificación si los términos y condiciones adjuntos lo permiten.
  3. Slots Online Australia: Bueno, ahora es tu oportunidad con True Sheriff, un valiente juego de tragamonedas en 3D donde el coraje está en juego en esta épica tragamonedas occidental.

Poker online eeuu.

No Deposit Casino Bonus In Au
Simplemente vaya al sitio usando nuestros enlaces y registre su cuenta.
Profitable Pokies With Bonus Free No Deposit
Repartidas en 6×4 rodillos, las ganancias se forman en Kodiak Kingdom al hacer coincidir al menos 3 símbolos en cualquier posición de los rodillos adyacentes, comenzando por el rodillo más a la izquierda, para un total de 4096 formas de ganar.
Los países en los que la plataforma no está disponible son.

Lotería nacional valdemoro.

Nz Players Casinos Online
La compañía es confiable ya que este casino tiene una licencia de la siguiente autoridad.
Instant Withdrawal Casino Au
No obstante, son las tiradas gratis y sus gigantescas ganancias el mayor atractivo de la tragaperras..
River City Casino Melbourne Au

Божикниот пост

4254

Божикниот пост му претходи на празникот Рождество Христово, трае 40 дена и се нарекува исто така „Филипов пост“, бидејќи започнува после 27 ноември – денот на споменот на Апостол Филип. Божикниот пост е востановен за да можеме ние, во пресрет на Рождеството Христово, да се очистиме себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да Го пресретнеме Синот Божји Кој се јави во светот, принесувајќи Му го, наместо обични дарови и жртви, нашето чисто срце и желба за последување на Неговото учење.

Правилата на воздржание, пропишани од Црквата во Божикниот пост се исто како и за Петровденскиот пост. Јасно е дека во времето на постот се избегнуваат месото, путерот, млекото, јајцата, сирењето. Освен тоа, Типикот вели дека во понеделник, среда и петок во Божикниот пост не се јаде риба, вино и масло и дозволено е само примање на храна без масло. Во останатите денови – вторник, четврток, сабота и недела разрешена е храна со растително масло. Рибата за време на Божикниот пост се разрешува во саботните и неделните денови, како и на големите празници, каков што е празникот „Воведение во храмот на Пресвета Богородица“, а исто така и на храмови празници и деновите на големите светии, но само доколку тие празници се паднат во вторник или четврток. Доколку празникот се падне во среда или петок се разрешува на вино и масло. Од 2 јануари до 6 постот се засилува и во тие денови, дури и во сабота и недела рибата не е благословена.

Како да го минуваме времето на постот?

Според делата на благочестие, на кои ние треба да им ги посветиме деновите од постот, овој пост наликува на празничните денови. Словото Божјо сведочи дека „постот… за домот Јудин ќе бидат радост и голема веселба“ (Зах. 8, 19). Сепак, постот се разликува од празниците и обичните денови. За време на празниците Црквата нѐ повикува кон благодарење на Бога и Светиите за нивните благодејанија, додека во времето на постот сме повикани кон помирување со Бога и учество во животот, страдањата и смртта на Спасителот и Светиите. Празниците нѐ приведуваат кон духовна радост и надеж, постот, пак, кон духовно смирение. За време на празниците во согласност со духовната веселба, Црквата благословува побогата трпеза, во постите, пак, се пропишува умерено употребување на посна храна и питие. Сето тоа е убаво уредено во Црковниот Устав со цел да ги ослаби во нас страсните движења на плотта, кои се будат со обилните и слатки телесни задоволства; но така што да не ја заслабне сосема нашата телесна природа, туку да ја направи лесна, крепка и способна да се потчини на движењата на духот и бодро да ги исполнува неговите потреби.

Уставот на Црквата учи од што треба да се воздржуваме во времето на постот. Телесниот пост без духовениот пост не придонесува ништо за спасението на душата, дури напротив може да биде и духовно штетен, доколку човекот воздржувајќи се од храна се исполни со чувство на предимство во однос на другите.

Вистинскиот пост е поврзан со молитва, покајание, со воздржание од страстите и пороците, со искоренување на лошите дела, простување на навредите, и вежбање во добродетелта. Постот не е цел туку средство – средство да ја смириме сопствената плот и да се очистиме од гревовите. Без молитва и покајание постот станува една обична диета. И Светите Отци велат дека додека постиме телесно истовремено треба да постиме и духовно: „Да постиме, браќа, телесно, да постиме и духовно, да ги разрешиме сите врски на неправдата“. Вистинската суштина на постот е изразена во следната црковна песна: „Пости од храна душата моја, но од страстите не се очистува – напразно се утешуваме со нејадење. Зашто ако постот не ти донесе исправување, ќе биде примен од Бога како лажен и ќе биде како кај лошите демони кои никогаш не јадат“.

Како да се навикнеме на постот?

Основа на постот е борбата со гревот преку воздржание од храна. Значи воздржание, а не истоштување на телото, затоа правилата за запазување на постот секој треба да ги усогласи со своите сили, со степенот на својата подготвеност за пост. Постот е аскетски подвиг, кој бара подготовка и постепеност. Неопходно е во посниот подвиг да се влегува постепено, етапно, почнувајќи со воздржание од мрсна храна во среда и петок во текот на целата година. Некои непромислено и нагло го започнуваат подвигот на постот, постејќи безмерно строго. Тие само го нарушуваат своето здравје, или уште полошо, од гладот стануваат нетрпеливи, раздразливи – се гневат на секого и на сѐ и постот наскоро за нив станува неподнослив. И тие го отфрлаат. За нашето расположение кон постот да биде правилно, треба постепено да пристапуваме кон постот, внимателно и со расудување. Секој треба самиот да си определи колку му е потребно храна и питие, притоа не многу да го намалиме количеството на храната што ја употребуваме и да се доведеме до тоа да сме исцрпени и неспособни за делување. Тука главното правило ни го дава Самиот Господ: „Да не отежнат срцата ваши од прејадување и пијанство“.

Оној којшто сака да го сочува и запази постот би требало да се посоветува со опитен духовник, добро да му ја изложи својата физичка и духовна состојба и да испроси од него благослов за исполнување на постот.

Преземено од: Православие.ру

Previous articleСвета Литургија во црквата Свети Илија во Футскрај (25-та Недела по Педесетница)
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Престон (25-та Недела по Педесетница)