Bingo en mahon.

  1. Astro Magic Pokies Australian: En verdad, si le preguntas a casi todos los pacientes de instituciones de juego con base en tierra, es probable que realmente te expliquen el hecho de que la opción hacia el ocio tal vez la acción.
  2. Au Slots Casino Bonus Codes - Las tarjetas de crédito para estudiantes pueden ser una herramienta fantástica para establecer y desarrollar crédito.
  3. Free Pokies Play Pokies With Bonus: Apostar la cantidad máxima de monedas y cubrir todas las líneas de pago garantiza que obtenga el mayor porcentaje posible de recuperación de la inversión, pero aún así la ventaja de la casa permanece.

Ruletas probabilidades.

Best Deposit Casino Pokies To Win
Los jugadores estarán encantados de saber que casi todas las funciones de administración de cuentas han mejorado, incluido el cajero completo, las pestañas de bonos y promociones, y el menú de configuración.
Las Vegas Au Bonus Codes Free Spins
Este es un juego que te enfrenta a ti y a un elenco de otros locos duros como la última esperanza en la ciudad, bueno en este planeta de todos modos.
Cada operador tiene sus aspectos positivos y negativos sobre por qué puede ser una buena opción para usted y con eso en mente, nos gustaría recomendar Grand Ivy casino como otra buena opción.

Probabilidad en los casinos.

Free Money Top Australian Pokies
Aunque una parte del juego de casino en vivo móvil depende del casino que aloja las mesas, el desarrollador es el más responsable de la calidad de su servicio móvil.
Live Pokies Paypal Australia
Mega Fortune es una de las mejores tragamonedas progresivas proporcionadas por NetEnt, otro peso pesado de la industria de los casinos en línea.
Big Slot Wins Au

Спомен на свети Александар Свирски

3859

 Двапати во историјата на човештвото Троичниот Бог му се открил на телесниот човечки поглед – првпат, на светиот праотец Авраам кај Мамврискиот даб, покажувајќи го великото милосрдие Божјо кон човечкиот род; вторпат – на руската земја, на преподобниот Александар Свирски.

Што значело тоа јавување на новозаветниот светител – не се осмелуваме да одговориме. Само ќе се стремиме да ја почитуваме таа земја, тој манастир, кој бил подигнат на северот на руската земја по наредба на Бог-Троица и самиот „новозаветен Авраам“ – преподобниот отец наш и чудотворец Александар.

Преподобен Александар – е еден од малкуте руски светители, кои биле канонизирани брзо после нивното праведно успение – точно после 14 години. Сеуште биле живи неговите ученици и многумина негови почитувачи, затоа житието на преподобниот Александар било напишано, како што се вели „по топлите стапки“ и се одликува со веродостојност; во него нема „благочестиви шеми“, и тоа го одразува неповторливиот лик на светост на „чудотворецот на цела Русија, Александар“.

Се родил преподобниот Александар на 15 Јуни, 1448 година, во селото кај реката Ојати, Мандера, на Новгородска земја, наспроти Островскиот манастир на Воведение. Му дале име Амос. Неговите родители Стефан и Васа биле сиромашни благочестиви селани, кои на своите деца им дале добро христијанско воспитување. Кога Амос пораснал, неговите родители сакале да го оженат, а тој мислел само на тоа да го остави светот, заради спасение на својата душа. Рано дознал за Валаамскиот манастир, и често се сеќавал на него, и на крај, по волја Божја, сртнал валаамски монаси. Долго траела нивната беседа за светиот манастир, за нивниот типик, за трите вида на живот на монасите. И така, воодушевен од тој разговор, тој решил да замине на „Северниот Атон“. Преминувајќи ја реката Свир, на брегот на Рошчинското езеро, преподобниот слушнал таинствен глас, кој му кажал дека на тоа место тој ќе создаде манастир. И голема светлина го осенила. Кога дошол на Валаам, игуменот го примил и го пострижал со името Александар во 1474 година. Тој тогаш имал 26 години. Ревносно, новоначалниот инок започнал да се подвизува во труд, послушание, пост и молитва. Тогаш на Валаам дошол да го бара татко му; Преподобниот успеал не само да го успокои вознемирениот татко, но и да го убеди да се прими монаштво заедно со мајка му. И родителите го послушале синот. Стефан примил монаштво со името Сергеј, а мајката – со името Варвара. Нивните гробови до денеска ги почитуваат во Воведенскио-Ојатскиот манастир.

Александар пак, продолжил да се подвизува на Валаам, зачудувајќи ги со својот живот и најстрогите Валаамски монаси. Најпрвин тој се подвизувал во општежитие, потоа во безмолвие на островот, сега наречен Свет, и таму поминал 10 години. На Светиот остров досега е зачувана тесната и влажна пештера, во која со труд може да влезе само еден човек. Се зачувал и гробот што си го ископал за себеси, преподобниот Александар. Еднаш, стоејќи на молитва, свети Александар слушнал божествен глас: „Александар, излези оттука и оди на местото што ти го покажав претходно, на него ќе можеш да се спасиш“. Голема светлина му го покажала местото на југо-исток, на брегот на реката Свир. Тоа било во 1485 година. Таму тој нашол “бор прекрасен многу, тоа место со шуми и езеро исполнето и прекрасно од секаде беше, и никој таму од луѓето претходно не живееше“. Својата колиба Преподобниот ја поставил на брегот на Роштинското езеро. На половина милја од него се наоѓа Светото езеро, одделено од него со Стремнинската гора. Таму тој поминал во целосна осаменост неколку години, хранејќи се, не со леб, „туку, што расте тука зелје“. Бог го открил својот светилник на на бојаринот Андреј Завалишин, а преку него потоа и на многу луѓе. Обителта почнала да расте, а славата за дарот на прозорливост и лекувањето на телесните и духовни болести, даден на настојателот на обителста, ги прелетала сите краишта на земјата. Народот православен, уште при животот почнал да го ублажува Александар Свирски како светител.

На 23 години од доаѓањето на Преподобниот, во 1507 година, во пустината, во близина на реката Свир, на брегот на Рошчинското езеро, голема светлина се појавила во неговата куќарка, и тој видел тројца мажи во светли облеки, и осветени со небесна слава „повеќе од сонцето“. Од нивната уста светителот слушнал повелба: Возљубен, како што го виде во Три Лица Оној што зборува со тебе, изгради црква во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, Единосушната Троица… А Јас мирот Свој ти го оставам, и мирот Мој ќе ти го дадам“.

Кога го чул тоа, преподобниот пак паднал на земја, и облевајќи се со солзи го исповедал своето недостоинство.
Господ повторно го подигнал, велејќи: „Застани на нозете свои, исправи се и зацврсти се, и направи сè што ти заповедав“.

Светителот прашал, во чија чест да биде подигнат храмот. Господ одговорил: „Возљубен, како што го виде во Три Лица Оној што зборува со тебе, изгради црква во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, Единосушната Троица… А Јас мирот Свој ти го оставам, и мирот Мој ќе ти го дадам“.

После тоа, свети Александар го видел Господа, со раширени крила, како со нозе да се движи по земјата, и постепено станал невидлив.

Самиот Господ го удостиол светителот со Троичното снисходење-посетување, и како спомен на јавувањето на Света Троица на светителот, до револуцијата се празнувал и на празникот Педесетница (Духовден).

На местото на јавувањето на Бог-Троица, подоцна бил изграден параклис, и до наши дни на тоа место трепери душата човечка, помислувајќи на блискоста Божја до Своите луѓе. Во житието на преподобниот Александар поразува тоа, што при огромното изобилство на божествени посети кои му биле дадени, тој секогаш останувал смирен монах, кој сакал во сè да им послужи на браќата и на обичните селани кои доаѓале во манастирот.

Неколку години пред неговата смт, Бог му вложил во срцето блага мисла, да изгради камена црква во чест на Покровот на Пресвета Богородица со трпезарија. Така, еднаш ноќе, кога темелите веќе биле поставени, по завршувањето на обичното молитвено правило, преподобниот видел необична светлина, која го озарила сиот манастир, а во основата на Покровската црква, на олтарното место, во царска слава седела на престол Пречистата Богородица со Предвечниот Младенец, опкружена од мноштво бесплотни сили небесни. Преподобниот паднал со лицето на земја пред величината на Нејзината Слава, зашто не можел да го гледа сјајот на таа неискажлива светлина. Тогаш, Пречистата Владичица му рекла да стане и го утешила со своето ветување дека никогаш нема да отстапи од манастирот, и да им помага во сите потреби на оние кои живеат во неа како при животот на Преподобниот, така и по смртта негова.

„Една година пред својата смрт, Преподобниот, повикувајќи ги кај себе сите браќа, и објавувајќи им дека наскоро ќе настапи времето на неговото претставување од овој времен мачен и многупечален живот во другиот, вечен, безболезен и секогаш радосен живот, назначил после себе четири свештеномонаси: Исаија, Никодим, Леонтиј и Иродион од кои би можеле да изберат игумен. Потоа, до самата смрт не престанал да ги поучува своите браќа на богоугоден живот. Починал преподобниот Александар на 30 Август, 1553 година, на 85 години од раѓањето, и согласно претсмртниот завет што го оставил, бил погребен во погребалната пустина, во близина на црквата на Преображението Господово, од десната страна на олтарот. Во 1547 година, тој бил вброен во хорот на светителите.

Сите што имаат различни болести, доаѓајќи кај неговиот чесен ковчег и со вера припаѓајќи кон него, добивале обилни исцеленија: слепи прогледувале, раслабени се укрепувале во телото, страдалници од други болести добивале совршено исцеление, демонизирани се ослободувале од демоните, бездетни добивали чеда.

Прекрасен во Своите Светии, Себлагиот Бог наш, Кој го прославил Својот Угодник за време на овој живот, правејќи со неговата рака знаци и чудеса, благоволил и по смртта нетленото, чесно и свето негово тело, како големо светило, да го положи во Црквата Своја, за да свети таму со своите преславни чуда.

После револуцијата, совршено нетрулежното тело на св. Александар Свирски било чувано во музеј како несекојдневен артефакт. Кога се возобновил манастирот и телото на светителот било побарано да се врати во манастирот, надлежните власти откажале. Тогаш, браќата од манастирот отслужиле молебен пред чесното тело на светителот, и тоа започнало да мироточи. Вчудовидени, властите се согласиле, и телото сега свети во црквата на манастирот што го изградил тој, во градот над реката Свир, и чудотвори во животите на многумина.

Previous articleИЗВЕСТУВАЊЕ до Медиумите по повод лажните и клеветнички пропаганди
Next articleИлинденско послание на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар