На 09 септември 2026 година кога го чествуваме споменот на Преп. Пимен Велики и Св. мч. Фануриј, во соборниот храм „Св. Николај“ во Штип беше отслужена Света Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола, и многубројно свештенство. Митрополитот г. Никола одржа пригодна беседа, а архиерејите извршија и помен за мајката на светиот маченик Фануриј.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни!













