Средба на Митрополитот г. Никола со г. Питер Трасвел (Peter George Truswell), амбасадор на Австралија во Република Македонија

174

На 8.10.2026 година, во просториите на Австралиско-новозеландската епархија, Неговото Високопреосвештенство г. Никола, ја прими Неговата Екселенција г. Питер Трасвел (Peter George Truswell), амбасадор на Австралија во Република Србија, Македонија и Црна Гора.

Оваа посета претставува значаен придонес за зацврстувањето на меѓусебните односи и унапредувањето меѓу австралиските државни институции и Македонската Православна Црква во Австралија.

Во текот на разговорите беше истакнато значењето и улогата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во зачувувањето и негувањето на духовниот, националниот и културниот идентитет на македонскиот народ во Австралија.

Неговото Високопреосвештенство, митрополитот г. Никола, изрази благодарност за посетата и за покажаниот интерес кон животот, мисијата и дејноста на Македонската Православна Црква, особено кон нејзината Австралиско-новозеландската епархија.

Воедно, митрополитот ги пренесе срдечните поздрави и искрена благодарност од Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, до Неговата Екселенција, амбасадорот г. Питер Трасвел, за покажаниот интерес и подготвеноста за взаемна соработка и разбирање.

Средбата помина во срдечна и пријателска атмосфера, со изразена желба за понатамошно продлабочување на меѓусебните односи, зајакнување на институционалната соработка и градење мостови на доверба и меѓусебно почитување.

На крајот од средбата беше истакната важноста од одржување на непосредна комуникација и продолжување на заедничките заложби во интерес на Македонската Православна Црква и целокупната македонската заедница во Австралија.

Previous articleЧеститка од Митрополитот г. Никола до Архиепископот г. г. Стефан
Next articleRELIGIOUS EDUCATION AT THE CATHEDRAL OF THE NATIVITY OF THE HOLY MOTHER OF GOD – SYDENHAM