Честитка од Митрополитот г. Никола до Архиепископот г. г. Стефан

162

 

 

Ваше Блаженство,

Дозволете ми, во мое лично име, како и во името на свештенството и верниот народ на Епархијата за Австралија и Нов Зеланд при МПЦ-ОА, срдечно и со најдлабока почит да Ви го честитам големиот јубилеј — четириесет години од Вашата хиротонија во епископски чин.

Изминатите 40 години се долг пат исполнет со многу предизвици, грижи и искушенија. Сиве овие години Вие со смирение, трпение и вера го носевте епископскиот омофор и Му служевте на Бога, на Црквата и на својот народ. Низ Вашето долгогодишно служење, ние, Вашите духовни чеда, во Вас препознавме човек со силна вера, голема љубов кон својот народ и татковина, но и со искрена грижа за Црквата. Во радостите и тагите на нашиот народ бевте присутни со својот збор, молитва и поткрепа, секогаш потсетувајќи нè на надежта и силата на Христовото Воскресение.

Особено сме благодарни што во годините на Вашето архипастирско служење станавме сведоци на остварувањето на долгогодишниот стремеж за признавање на МПЦ – ОА, со што се отвори ново поглавје во животот на нашата Црква и нашиот верен народ.

Благодатта на Светиот Дух, која пред четириесет години Ве постави за пастир на Христовото стадо, и понатаму да Ве води, укрепува и поткрепува во Вашето архипастирско служење. Господ да Ви дарува здравје, духовна сила и долг живот, за уште многу години со љубов и посветеност да го продолжите делото на служењето на Светата Црква, принесувајќи достојни плодови и дарови на олтарот Божји.

          На многу и благословени години, Блаженејши владико!

 

                                        Митрополит Австралиско-новозеландски
 + Никола

Previous articleМитрополитот г. Никола отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм
Next articleСредба на Митрополитот г. Никола со г. Питер Трасвел (Peter George Truswell), амбасадор на Австралија во Република Македонија