На 18ти јануари 2026г. во Неделата пред Богојавление на празникот Водокрст и мч. Теопемпт и Теона, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар богослужеше Света Архиерејска Литургија, а потоа и Голема празнична Вечерна на празникот Крштевање Господово – Богојавление и изврши Голем Богојавленски Водосвет во храмот „Свети Климент Охридски“ во Порт Кембла.
Верниот народ се причести со светите Христови Тајни, а потоа беше послужена и трпеза на љубовта.
Потоа во попладневните часови архиерејот изврши канонска посета на македонскиот православен манастир „Света Петка“ во Кембла Гренџ во Нов Јужен Велс и ги проследи последните активности, доградби и уредувања на манастирот од страна на црковното настојателство.
Верниците од оваа црковна општина му го честитаа 30 годишниот јубилеј на нашиот Митрополит и се помилија за негово здравје и спасение.
Долгоденствуј владико свет!














