Premio ganador dela lotería nacional.

  1. Emerald Queen Casino Winners: Sin embargo, si las tragamonedas en línea no son lo tuyo, puedes probar suerte en los juegos tradicionales de cartas y mesa.
  2. Deposit Casino Pokies Games Free - Hasta que finalice esta función, aparecerán más símbolos de comodín en los carretes y puedes ganar más giros gratis al obtener símbolos de bonificación adicionales.
  3. Best New Zealand Online Real Money Pokies: Esto incluye Visa, Mastercard, American Express y más.

Comprobador de la lotería nacional del jueves.

Online Casinos That Take New Zealand Express
Por lo tanto, al escanear o fotografiar sus documentos, asegúrese de que las imágenes sean claras y de que todo el documento sea visible en el marco de la imagen escaneada.
Trustworthy New Zealand Online Casino
El sitio móvil dedicado le permite acceder a todas las funciones de juego desde una pantalla móvil.
Es importante leer los términos y condiciones antes de aceptar una promoción..

Comprobar números lotería de navidad.

Free Casino Pokies Machine Win Real Money
Algunos de estos incluyen giros gratis en algunas de las mejores tragamonedas del casino GGbet.
Good Pokies Best
Los miembros pueden revisar sus cuentas en cualquier momento para conocer las ganancias actuales y otros indicadores..
Whats The Largest Casino In New Zealand

Велигденско послание на Митрополитот г. Петар

1366

† ПЕТАР

    ПО МИЛОСТА БОЖЈА,

      МИТРОПОЛИТ ПРЕСПАНСКО-ПЕЛАГОНИСКИ И

         АДМИНИСТРАТОР АВСТРАЛИСКИ И НОВОЗЕЛАНДСКИ,

        НА СЕТО СВЕШТЕНСТВО, ПРЕПОДОБНО МОНАШТВО И

       ВЕРНИТЕ ЧЕДА ВО

            ПРЕСПАНСКО-ПЕЛАГОНИСКАТА И АВСТРАЛИСКО-

      НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА,

                ИМ ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО

        НАЈТОРЖЕСТВЕНИОТ  ПОЗДРАВ

               ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

„И како што по Адама сите умираат, така и по Христа сите ќе оживеат (ќе воскреснат)“ (1 Кор. 15, 22)

Возљубени, браќа и сестри, во Христа Воскреснатиот!

Велигден е! Осамна најсветлиот ден во историјата на човечкиот род. Христос осудениот, се јави како Судија на светот. Телото на Распнатиот Христос, само три дена остана во гробот. Неговото шамарано и исплукано Лице, блесна како сонце, а лутите рани светнаа како ѕвезди. Неговото, во ужасни рани Тело, се појави во прекрасна убавина и се облече во небесна слава. Накажаниот Христос се покажа како семоќен Господар на небесата и на земјата и како Животодавец. Неправедно осудениот, стана праведен Судија на живите и мртвите и Спасител на светот.

Христос Воскресе! И наместо трновиот венец на Неговата Глава – блеска венецот на Царот на славата; осамениот на Крстот – опколен е од ангелски војски; удрен беше пастирот и овците (учениците) се разбегаа, а денес половина милијарда следбеници Го слават. Тесниот гроб стана причина Нему да Му се посветат  стотици илјади храмови по целата земја. Крвта од раните Негови, стана Животворен пијалок на верните. Тогаш непознатиот – сега е најпознат. Тогаш загадочниот – сега е клуч на сите загатки. Тогаш најодалечениот – сега е најблизок на секое човечко срце.

Возљубени чеда во Воскреснатиот Победник!

Денес е Пасха Господова, а Пасха значи премин од смрт кон живот, односно Воскресение – Велигден. Тоа е празник над празниците и празнување над празнувањата. Како што сонцето ги надминува ѕвездите, така и Велигден неискажливо ги надминува сите други празнувања, не само човечки и земни, туку и Христови. Така, и оваа велигденска ноќ имаме прекрасна светлина; со сјајот на таа светлина, се озарени сите наши храмови и сите наши домови; луѓе од сите професии и од сите класи, млади и стари, со многубројни свеќи ја осветлуваат ноќта како што сонцето со својата силна светлина го осветлува целиот свет. Оваа велигденска светлина е многу блескава и сјајна, затоа што го славиме Христовото Воскресение, кое е реалност, кое што го измири целиот свет со себе и ни ги отвори портите на рајот, давајќи ни живот вечен.

Христос Воскресе, и со Своето Воскресение на сите луѓе и на целиот свет животот го осмисли. Он ни покажа дека човекот без Бога е мртов и останува во смртта. Христос воскресна од мртвите и ја победи смртта, заради нас, обезбедувајќи му на човекот бесмртност. Неговото Воскресение е најважниот настан во историјата на човештвото и целиот свет.

Доколку Христос не воскреснеше, каков ќе беше нашиот живот? Тој ќе беше краток пат од купелот до гробот, пат полн со трње, страдање и ужас. Но, со Воскреснатиот Христос, сè се менува, односно сите ние се менуваме и стануваме бесмртни луѓе и битија, кои се посилни од смртта. И така, човекот стана посилен од смртта! Тоа е победа, единствената вистинска победа на овој свет, бидејќи Господ е Единствениот Вистински Победник во сите векови. Доколку не воскреснеше Господ, сè ќе беше залудно. Каква полза од сонцето и од небото, ако сите луѓе завршат со смрт и нашата последна станица би бил  гробот! Светиот апостол Павле вели: „Ако Христос не воскреснеше, празна е нашата проповед, празна е нашата вера“ (1. Кор. 15,14).

Возљубени браќа и сестри во Христа Распнатиот и Воскреснатиот!

Христос  нашиот Бог, со распнувањето на Крстот и вкусувајќи смрт, ја уништи смртта со Својата смрт, а потоа со душата и со Крстот слезе во адот, за да ги избави Адама и старозаветните праведници од адот. Откако ги скрши резињата на вратите на адот, повторно влезе со Својата душа во Своето тело и Воскресна од мртвите.

Воскресението Христово е и наше воскресение, како што и славата Христова е и наша слава.

Отворајќи го Својот гроб, со Воскресението, Христос ги отвори и гробовите на сите луѓе. Земјава, која беше огромна гробница на сите луѓе, во која имаше труб до труб,  мртовец до мртвовец, страдалник до страдалник,  грев до грев, се измени, зашто Христовиот гроб стана извор на животот со Неговото Воскресение, кое е извор на нашето воскресение од мртвите, па така смртниот човек станува бесмртен, а земјата ја заменува Царството Небесно, во кое царува Троичниот Бог, а во него се: Мајката Божја, Небесните Сили и Сите Свети.

Најмили наши чеда во Христа Преобразителот и Спасителот!

Во оваа Светла Воскресенска Седмица, во нашата земја Македонија се одржуваат избори. Граѓаните на Македонија ќе изберат Претседател на државата и пратеници во Парламентот. Нашиот народ е мудар и знае да направи правилен избор. На новоизбраниот Претседател, пратениците и на Владата, им посакуваме успех во извршувањето на одговорните задачи за добробитот на сите граѓани на нашата Татковина. Како одговорни за извршувањето на вашата должност, особено вам на православните пратеници, ви укажуваме да не заборавите дека доследно и крајно одговорно треба да се грижите, да не бидат во ништо запоставени духовните, културните, националните и општочовечките вредности, кои извираат од учењето на нашата Света Православна Вера и Црква.

Не заборавајте при донесувањето на врвните одлуки за доброто на граѓаните и општеството да се сообразувате со погоре посочените упатства, имајќи ги предвид зборовите на апостолот Петар и другите Апостоли: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога, отколку на луѓето“ (Дела 5, 29), односно да се спротивставите, по секоја цена, на сè што е спротивно на Божјите и природните закони, како и на Божјата волја, заради вашето и спасението на сите луѓе.

Граѓаните, пак, особено оние од Православна вера, секогаш да имаат при ум дека се царско свештенство и избран народ, и затоа должни се да гласаат и изберат претставници и водачи кои што се одликуваат со морални вредности и ги исполниле или ќе ги исполнат ветувањата, за да не се случи втората измама да биде полоша од првата, т.е. слепец слепи да води. Во спротивно, гласачите виновни ќе бидат пред својата совест, која е гласот Божји во човекот.

Празникољубци! Во оваа прилика, сакаме да обрнеме внимание и да укажаме на еден друг, уште побитен, посуштински и спасоносен избор.

Имено, ние како слободни битија, создадени по Божјиот образ и подобие, го поседуваме дарот на слободната волја и имаме можност слободно да одлучуваме и избираме. Во нашиот живот често сме биле пред избор, уште од најмала возраст. Така, избиравме која играчка ја сакаме, со кои другарчиња ќе играме и ќе се дружиме, кој спорт ќе го избереме, во кое училиште ќе се запишеме, на кој факултет ќе студираме, кого или која ќе ги избереме за брачен другар/ка, какво возило, стан или куќа ќе купиме итн. Сето ова е во ред.

Но, пред секој човек, пред секој од нас, во овој живот, се поставени неколку клучни избори: ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?

Кога сме пред овој избор, да се потсетиме на Христовите зборови: „Јас Сум Патот, Вистината и Животот“ (Јован 14, 6). „Јас Сум добриот Пастир, Кој ја полага душата Своја за овците“ (Јован 10, 11); „Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот“ (Јован 8, 12); „Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има живот вечен“ (Јован 3, 16). И сега, ќе се одлучиме ли да Го следиме Бога и да се уподобуваме на Него, или, пак, ќе се одлучиме за спротивното т.е. ќе ја искористиме ли нашата, од Бога дарувана слобода, за да го следиме ѓаволот, отфрлајќи Го Бога.

Богочовекот Исус Христос го победи ѓаволот, гревот и смртта. И тоа, ги победи заради нас. И воскресна, обезбедувајќи ни живот вечен. Ѓаволот, неговите демони, гревот и смртта се поразени. Наше е само слободно, со вера и на дело, да избереме; дали ќе учествуваме во победата на Христа Воскреснатиот, или, во поразот на ѓаволот. Никакви други победи или порази, не се толку важни на овој свет, и никаков друг посуштински избор немаме. Значи, или ќе бидеме со Христа и Неговата Црква или со ѓаволот и неговите лажни, телесни, преодни и минливи уживања и наслади во овој свет. Одлуката е само наша. Затоа да направиме вистински избор меѓу доброто и злото, меѓу Бога и ѓаволот, прифаќајќи ги доброто и Бога, а отфрлајќи го злото и ѓаволот. Ако го направиме тој избор, ние навистина ќе бидеме слободни, бидејќи нема да му робуваме на злото и ѓаволот.

Возљубени чеда во воскресенската радост!

Христос нашиот Бог беше жртвуван за нас, како Јагне заклан беше, и подаден на сите верни, заради простување на гревовите и живот вечен. Ете, и сега и во иднина, нè повикува сите да пристапиме кон приготвената Божја трпеза, на која е Он, Божјото Јагне. Да земеме учество во Пасхата; да не се лишуваме од оваа спасоносна и неискажлива Тајна; да пристапиме и да се насладиме со Животворниот Леб и Животворниот пијалок – Телото и Крвта Христови. Ете, со таква гозба, со таква трпеза, со такво празнување нè угостува Оној, Кој заради нас претрпе страдања, умре и Воскресна.

Да се радуваме возљубени празникољупци и да се прегрнеме еден со друг; да се просветлиме и да си простиме сè заради Воскресението. Амин!

Христос Воскресна! Навистина Воскресна!

Ваш постојанен молитвеник пред Христа Воскреснатиот,

              Митрополит Преспанско-пелагониски и

      Администратор Австралиски и Новозеландски

     † Петар

          Велигден 2024

Previous articleОсми Ден број 92
Next articleВелигден во Престон