На 19 јануари 2026 на празникот Богојавление – Водици на покана на Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, во црквата Света Богородица – Пречиста во Ливерпул – Сиднеј, возврати на братската посета и сослужуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Австралиски и Новозеландски од Српската Православна Црква г. Силуан.
Убав момент од Литургијата беше тоа што: протоѓаконот на Српската црква (инаку роден брат на Митрополитот Силуан) кој е прекрасен бас-баритон, го прочита Евангелието на Македонски јазик (без ниту една грешка) и тоа предизвика дополнителна радост кај македонските верници.
Верниот народ се Причести со Светите Христови Тајни.
Заедничарењето на двајцата архиереи, заедно со свештенството беше дочекано со голема духовна радост од верниот народ на двете сестрински цркви, на Богојавление во македонската црква „Света Богородица – Пречиста“ во Ливерпул и на Василица во српската црква „Свети Георгиј’ во Кабрамата.
За многу години!














