Архиерејска Литургија на Свети Јован Крстител во Аделаид, Јужна Австралија

247

Вечерта на 19 јануари 2026 г. во храмот Собор на Пресвета Богородица во Аделаид  Јужна Австралија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и Администратор Австралиско – Новозеландски г. Петар богослужеше Вечерна богослужба.

Утрото на 20 јануари кога го славиме Соборот на Светиот Пророк и Претеча Јован, Митрополитот г. Петар богослужеше Утрена и Света Архиерејска литургија во сослужение со парохискиот свештеник: протоереј Јованчо Сумрачки.

На Литургијата присуствуваше и монахињата од манастирот Илајн од Викторија на СПЦ – монахињата Ана.

Верниот народ се причести со светите Христови Тајни, а потоа беше послужена и трпеза на љубовта. Верниците од оваа црковна општина му го честитаа 30 годишниот јубилеј на нашиот Митрополит и се помилија за негово здравје и спасение.

Долгоденствуј владико свет!

 

Previous articleБогојавление – Водици во Мил Парк – Мелбурн
Next articleБожик во Футскрај