Храмовата слава на манастирот “Св. Прохор Пчински” во Донибрук

448
  На 27 и 28 јануари, 2026 година, кога Светата Црква го прославува споменот на Преподобните Прохор Пчински, Гаврил Лесновски, Павле Тивејски и Јован Кушчник (Колибар), во Манастирот “Свети Прохор Пчински”  во Донибрук, по  повод храмовата слава, се отслужија празнична вечерна и утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
     На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
     По богослужбите, за верниците и свештенослужителите, беше послужена заедничка трпеза.
      На 26 јануари, 2026 година, кога Светата Црква го прославува споменот на Светите маченици  Ермил и Стратоник, во Манастирот “Свети Прохор Пчински” во Донибрук, се отслужи утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
     На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
     По Богослужбата се благослови и послужи со манастирско гравче.
     Истиот ден, се одржа и традиционалниот пикник на Манастирското место.
Previous articleНедела по Богојавление во Донибрук
Next articleНедела на Митарот и Фарисејот во Донибрук