Соопштение по повод пречекот на новиот Митрополит

3

Со особена чест и голема духовна радост Ве известуваме дека Неговото Високопреосвештенство, новоназначениот Митрополит на Австралиско-Новозеландската Епархија, г. Никола, ќе пристигне во Австралија по повод неговата прва канонска визитација меѓу довереното му патство.

Свечениот пречек ќе се одржи на 1 април 2026 година (среда), во 21:00 часот, во Соборната црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Мелбурн на 1 Pecks Rd. Sydenham VIC .

За време на својата архипастирска посета, Неговото Високопреосвештенство г. Никола, ќе богослужи и ќе оствари средби со свештенството и верниот народ. Подетални информации во врска со распоредот на богослужбите и останатите активности ќе бидат дополнително објавени.

Оваа канонска визитација претставува исклучително значаен настан во животот на нашата Света Црква, преку коа ќе се овозможи заедничко литургиско собрание, духовно укрепување на верниот народ, како и продлабочување на единството помеѓу архипастирот и повереното му стадо.

Ги повикуваме сите благочестиви верници на Макердонската Православна Црква, Епархија за Австралија и Нов Зеланд да земат молитвено учество и со достојна љубов и почит да го пречекаат својот архипастир.

Oд Канцеларијата на МПЦЕАНЗ

Previous articleСООПШТЕНИЕ