Распоред на богослужби по повод Велигденските празнувања на Митрополитот г. Никола

4

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Австралиско – Новозеландски г. Никола, ќе благоволи да богослужи и проповеда на:

05.04.2026г. Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници – Златоустова Божествена Литургија во Соборната црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиденхам;

07.04.2026г. Велики Вторник – Благовештение на Пресвета Богородица – Вечерна со Златоустова Божествена Литургија во црквата „Свети пророк Илија“ во Футскрај;

09.04.2026г. Велики Четврток; св Лидија Македонска – Вечерна со Василиева Божествена Литургија во Соборната црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, почеток 8:30am

  • Читање на 12 страдали Евангелија – почеток 6 pm

10.04.2026г. Велики Петок – во Соборната црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, почеток 8:30am

  • Оплакување Христово – почеток 6 pm

11.04.2026г.Велика сабота – Вечерна со Василиева Литургија во Соборната црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, почеток 8:30am;

12.04.2026г. почеток 00.00 часот – Воскресение Христово – Велигден                       Златоустова Божествена Литургија во Соборната црква Раѓање на Пресвета Богородица во Сиденхам;

13.04.2026г. Воскресение Христово – Втор ден Велигден – Златоустова Божествена Литургија во црквата „Света Петка“ во Мил Парк, почеток 8:30am;

14.04.2026г. Воскресени е Христово – Трет ден Велигден – Празнична Божествена Литургија во црквата „Свети Никола“ во Престон, почеток 8:30am;

16.04.2026г. Светол Четврток – Воскресна вечерна во манастирот Свети Прохор Пчински – Донибрук, почеток 06:00pm;

17.04.2026г. Светол Петок – Богородица, Животворен Извор  – Празнична Божествена Литургија во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, почеток 8:30am (Едноцрквие);

19.04.2026г. Томина Недела – Антипасха – Златоустова Божествена Литургија во црквата Света Злата Мегленска во Вереби, почеток 8:30am;

26.04.2026г.  Недела на Мироносиците – Златоустова Божествена Литургија во црквата Свети Димитриј Солунски во Спрингвајл, почеток 8:30am;

Previous articleНедела на Свети Јован Лествичник – Донибрук