Молитвено прославен Св. Спиридон Чудотворец во Донибрук

881

На 25 декември 2025 година, кога Светата Црква го прославува споменот на Св. Спиридон Чудотворец епископ Тримитунски, во Манастирот “Свети Прохор Пчински” во Донибрук, во сослужение – едноцрквие на свештенослужителите на МПЦЕАНЗ од Мелбурн, се отслужи Утрена Богослужба  и  Света Божествена  Литургија.

На Литургијата, многубројниот верниот народ се заблагодари на Бога и се причести  со Светите Христови Тајни.

     Истиот ден, на Манастирското место во Донибрук, се одржа  и  традиционалниот Пикник, а посетителите кои се собраа од Мелбурн и околината, беа послужени со   благословеното манастирско гравче.
Previous articleПразникот на Свети Никола во Донибрук
Next article30 години од осветувањето на храмот Свети Никола во Престон