Митрополитот Австралиски и Новозеландски г. Никола на Источен Петок – Балаклија во Донибрук

35
 Христос Воскресна!
       На 16 април, 2026 година, во четвртокот од Светлата седмица, во навечерието на празникот Источен Петок – Балаклија, кога Црквата го празнува споменот на чудата на Животворниот Извор  на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Австралиски и Новозеландски г. Никола, отслужи Воскресна вечерна Богослужба (едноцрквие) во Манастирот “Свети Прохор Пчински” во Донибрук.
     На Богослужбата се изврши чинот благословување и осветување на принесените петолебија.
     По Богослужбата се направи Литија до изворот на Минералната вода и се отслужи Канонот  на Пресвета Богородица.
     Утредента, на 17 април 2026 година, по отслужената Пасхална  утрена Богослужба, Митрополитот Австралиски и Новозеландски г. Никола, началствуваше на Светата Архиерејска Литургија (едноцрквие)  во Манастирот  “Свети Прохор Пчински” – Донибрук.
     На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
     По извршениот водосвет и благословувањето на празничниот леб и коливо, во манастирската сала беше послужена празнична трпеза.
     Навистина Воскресна!
Фото галерија:
Previous articleСветла Сабота – Пасхална Златоустова Литургија на Англиски јазик