Со духовна радост и празнично торжество, верниот македонски народ во храмот „Свети Никола“ во Перт го прослави празникот Илинден со Света Божествена Литургија, принесувајќи молитви и благодарност кон Бога и просејќи го застапништвото на големиот Божји угодник, светиот пророк Илија.
На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Нека неговата вера, ревност и љубов кон Бога бидат пример и поттик за сите нас.












