Овој е денот што го создаде Господ – да се радуваме и да се веселиме во него!“ (Псалм 117, 24)
На Велигден, митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола го посети домот за стари лица „Калина“ (Kalyna Care Aged) и ја сподели радоста на Воскресението со поздравот: „Христос Воскресна!“
Во домот се згрижени повеќе лица од македонско потекло, како и верници од други сестрински помесни цркви и различни држави. Посетата беше исполнета со радост, утеха и духовно укрепување за сите присутни.
По посетата следеше срдечна средба со персоналот.
Во текот на разговорот беше изразена подготвеност од страна на Епархијата за соработка и организирање редовни духовни средби и богослужби во овој дом.
Христос Воскресна!
Навистина воскресна!
Christ is risen!
Truly he is risen










