Божик во Футскрај

159
На 7 јануари 2026 година, на празникот Рождество Христово – Божиќ, о црквата Свети Пророк Илија во Футскрај, се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
Верниот народ со радост учествуваше на Божиќната Литургија и се причести со Светите Христови Тајни.
Присутните празникољупци му се заблагодарија на Бога за милоста излеана врз човечкиот род.
„И одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи: Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!“ (Лука 2:13-14)
+ Христос се Роди! Навистина се Роди! +
Previous articleАрхиерејска Литургија на Свети Јован Крстител во Аделаид, Јужна Австралија
Next articleВодици во Спрингваел