Архиерејска Литургија за Илинден во храмот „Свети Илија“ во н. Аеродром, Скопје

3

На 02.08.2026 г., кога се празнува споменот на светиот пророк Илија, нашиот Високопреосветен Митрополит г. Никола сослужуваше на Светата Божествена Литургија во храмот „Свети Илија“ во н. Аеродром, Скопје. На Светата Литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, а сослужуваше и Високопреосветениот Митрополит Европски г. Пимен.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата беше отслужена Панихида за славните илинденци, како и за сите паднати борци за духовна и национална слобода на Македонија.

 

Previous articleПетровден во храмот „Свети Петар и Павле“ во н. Ѓорче Петров