СООПШТЕНИЕ до парохијаните од Архирејското намесништво за Викторија

795

Архирејското намесништво за Викторија ги информира парохијаните, дека од 28 Октомври 2020 г., црквите и манастирите во Викторија се отворени за посета.

Според најновите рестрикции од владата на Викторија, на редовните богослужби ќе можат да бидат присутни 10 луѓеНајавувањето и закажувањето е задолжително. За деталите, ве молиме контактирајте ги вашите локални парохиски свештеници.

Во црквите ќе се извршуваат венчавки и крштевки со максимален број од 10 луѓе, а опела и погребенија со максимален број од 20 луѓе.

Исто така, црквите и манастирите во Викторија ќе бидат редовно отворени за сите ваши лични потреби. Најавувањето и закажувањето е задолжително. Ве молиме за деталите јавете се кај вашите локални парохиски свештеници.

Ве замолуваме за време на посетувањето на црквите и манастирите да се придржувате до сите актуелни Ковид-19 заштитни полиси и регулации. 

Од Канцеларијата на Архиерејското намесништво за Викторија

28.10.2020

Previous articleПравославна веронаука за македонските ученици во државните училишта во Нов Јужен Велс, Австралија
Next articleСООПШТЕНИЕ до парохијаните од Архирејското намесништво за Викторија