Архиерејска Литургија, Ракопроизводство во архимандритски чин и Епархиско свештеничко собрание во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук

896

На 7 Декември, 2022 година, на празникот на светите великомаченици Екатерина и Меркуриј, во манастирот на светиот Прохор Пчински во Донибрук, Викторија, неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски-новозеландски г. Петар, во сослужение на свештеномонаштвото и свештенството на Епархијата, богослужеше Архиерејска литургија.

На Литургијата, Митрополитот г. Петар, игуменот Никодим Солунчев го произведе во архимандрит и го одликуваше со архимандритски крст, според одлуката на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА (од 22.05.2020 г.), да му биде доделен архимандритски чин.

По Литургијата, под претседателство на надлежниот Архиереј, се оддржа Епархиско свештеничко собрание на кое се разгледаа повеќе прашања од црковно-литургискиот живот, како и најновите состојби во нашата Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, по нејзиното признавање и прифаќање како автокефална, и беа донесени повеќе заклучоци.

На Епархиското свештеничко собрание беше предложена и прифатена посебна Декларација, сочинета од повеќе ставови и заклучоци, меѓу кои и неостапувањето од уставното име: Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија и Јустинијана Прва според титулата на Архиепископот.

Декларацијата е потпишана од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Петар и сите свештеници на Eпархијата и нејзиниот текст го приложуваме во целост.

Previous articleСвета Архиерејска Литургија во црквата на светиот Маченик Пантелејнмон и светите Седмочисленици во Фуцкреј
Next articleЕпархиско свештеничко собрание во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук