Првите молитви на христијанинот

2393

Исусова молитва

Господи Исусе Христе, Сине Божји, смилувај се на мене, грешниот!

Господова Молитва

Оче наш, Кој си на небесата, да се свети Името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на Небото, така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници и не нè воведувај во искушение но избави не од лукавиот.

Молитва кон Светиот Дух

Цару небески, Утешителу, Духу на Вистината, Кој си насекаде и сè исполнуваш, Ризницо на добра и на живот Подателу, дојди и всели се во нас, и очисти нè од секоја нечистотија, и спаси ги, Благи, нашите души.

Молитва кон Пресвета Троица

Пресвета Троице, помилуј нè. Господи, очисте нè од гревовите. Владико прости ни ги беззаконијата. Свети, посети нè и исцели ги нашите слабости заради Твоето име.

Previous articleПразникот Обрезание Господово и Молебен канон за благословена Нова Година во црквата Свети Никола во Перт
Next articleВечерна богослужба со Света Василиева Литургија во црквата Свети Никола во Перт