Песнопеенија од Првата седмица на Великиот Пост

1971

Да постиме со пост пријатен, благоугоден на Господа: постот е бегање од злото, воздржување на јазикот, отфрлање на гневот, похотите, озборувањето, лагата, прекршувањето на даденото ветување. Ако овие нешта ги оставиме, постот е вистински и благопријатен.

Стихира од понеделникот, глас 3


Дојдете усрдно, тврдото оружје на постот да ги имаме како штит, за да се одвратиме, верни, од секаков напад на ѓаволската измама. Да не се потпалиме од сладоносните страсти и од огнот на искушенијата да не се исплашиме оти преку нив, Христос Човекољубецот со почести на трпението нè овенчува. Затоа смело молејќи се, да паднеме пред Него извикувајќи и барајќи мир, и голема милост за душите наши.

Стихира од Теодор Студит, глас 5


Оди, бедна душо, со телото твое, на Творецот на сé исповедај се, и од поранешното безумство ослободи се; и во покајание, на Бога солзи принеси му.

Како блудницата, и јас солзи леам пред Тебе, Штедар! Очисти ме, Спасителу, со Твоето милосрдие.

од Големиот Канон на светиот Андреј Критски

Previous articleСтравот од Бога го прави човекот мудар
Next articleВо деновите на Великиот Пост стави се во ред