Православна Младинска Група - Црква Свети Илија, Футскрај

2244

Македонската Православна Младинска Група на црквата Свети Илија во Футскрај се состанува и работи еднаш во месецот во последниот четврток, навечер од 19:00 до 20:30, во просториите на црквата “Св. Пророк Илија” во Футскрај.

Средбите содржат разни активности: веронаука, дискусии за православната вера, молитви и повремени социјални активности и другарувања.

Македонската Православна Црква има за цел во црковниот живот да ги вклучи и младите за да ги упати во убавините на православна вера.

На 29 септември, 2017 година, покрај редовниот час по вероучение, младите активно учествуваа и во градежните работи на новата Влезна порта и Музејската збирка – галерија во црквата.

Како да се Вклучите

Македонската православна Младинска Група е отворена за сите млади заинтересирани да се вклучат во црковниот живот, и да се ангажираат во црковната заедница.

Нема пристапно членство, потребно е да сте православен или да имате желба да ја примите православната вера.

Ако сте заинтересирани да се вклучите во Македонската Православна Група, ве молиме контактирајте  го Протоереј Љупчо Каревски или испратете емаил до sv.ilija@outlook.com.

Previous articleDeclaration of Dependence - The Sacrament of Confession
Next articleБлагословен почеток на нови градежни работи во Свети Илија, Футскрај